РЕКОМ мрежа за помирување

Документирањето на човечките загуби, на логорите и на другите објекти на заточеништво од војните во деведесеттите години на територијата на бивша Југославија е најважната поддршка во исплонувањето на мандатот на РЕКОМ.
Документирањето на човечките загуби во војните на територијата на бивша Југославија има за цел создавање на веродостојна база на податоци за човечките загуби во врска со војната на Косово и во Хрватска; за човечките загуби на Србија и Црна Гора во војната во БиХ; објавување на онлајн регистер за човечките загуби, и издавање на Косовската книга на паметење во облик на наратив за поединечните жртви.
Цел на проектот Мапирање на логорите во БиХ е евидентирањето и документирањето на сите објекти на заточеништво, во кои биле законито држени воените затвореници, и незаконито затворани цивили, како и да се попишат имињата на заточениците кои биле убиени или кои страдале при извршување на принудна работа, кои биле изложени на тортура и нечовечно постапување.

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.