РЕКОМ мрежа за помирување

По завршувањето на Консултативниот процес, започна втората фаза на Процесот РЕКОМ, односно Институционализацијата на Иницијативата за РЕКОМ, по пат на формирање Регионален тим на јавни заговарачи во октомври 2011 година. Институционализацијата на Иницијативата за РЕКОМ претставува пренесување на Процесот РЕКОМ од нивото на цивилна иницијатива на политичко ниво, во доменот на институциите.
На 28.10.2014 година, претставниците за РЕКОМ ги предадоа Измените на Статутот на РЕКОМ до Коалицијата за РЕКОМ, во вид на усогласен документ кои претставува правна рамка за основање на РЕКОМ. Коалицијата за РЕКОМ безрезервно ги поддржа тие измени на своето Собрание, одржано на 14.11.2014 година. Меѓутоа, во меѓувреме, беа одржани избори во БиХ на кои беа избрани нови членови на Претседателството на БиХ, a во Хрватска беше избрана нова претседателка, па Коалицијата за РЕКОМ сега е во ситуација одново да бара поддршка за основање на РЕКОМ и за Измените на Статутот на РЕКОМ, бидејќи новоизбраните членови на Претседателството на БиХ и претседателката на Хрватска не се обврзани од поддршката на нивните претходници. Институционализацијата и натаму е актуелна фаза на процесот РЕКОМ.