Вести

Aмир Кулаглиќ

Aмир Кулаглиќ е од Сребреница. Неговиот татко Сафет е убиен на 8 мај 1992 година, со куршум од огнено оружје во грб. Имал преку шеесет години. Бил 100 отсто инвалид. Бил на штаки. Двете нозе му биле скршени.

„Mојот татко е еден од примерите за злосторство без казна. Меѓу нас, овде, има многу слични искуства‒ имаме сознание, немаме признание. Но, има доста злосторства без казна, коишто сигурно ќе останат долго во душите на сите нас кои сме изгубиле некого. Мислев дека човек може да умре само еднаш, еднаш кога ќе го загуби физичкиот живот. Меѓутоа, откривањето на коските во четири или пет масовни грибници ни говори дека можете да умрете и по вторпат. Ќе го расчеречат телото, тогаш го разнесуваат таму некаде наоколу. (…) Не само што го расчеречија телото, туку потоа следува едно систематско негирање дека тие луѓе воопшто и постоеле. Toа е она што ви е најтешко на крајот, ајде да кажеме така, како завршен удар врз вас“.

На Десеттиот форум за транзициска правда, како што рече самиот, тој за првпат сведочел како жртва. Со години е активен во процесот на помирување во регионот, и во Иницијативата за РЕКОМ.

Сведочењето е достапно само на босански јазик.

Svedočenje Amir Kulaglić