РЕКОМ мрежа за помирување

Започна нов портал за РЕКОМ

Podržavam REKOM logo

Нов портал: RECOM.link

 

 

 

Ви го претставуваме новиот портал на Коалицијата за РЕКОМ – www.recom.link, кој освен главната задача – да го направи што повидлив Процесот РЕКОМ – се занимава и со достигнувањата и пречките во воспоставувањето на транзициската правда во постјугословенските земји. Порталот ги следи научните истражувања кои се однесуваат на теориите и практиките на помирување во постконфликтните општества. На порталот се достапни и бројни сведочења на жртвите за воените злосторства извршени во војните на територијата на бивша СФРЈ, авторски текстови и интервјуа на поединци и поединки кои создаваат уметнички дела, пишуваат или покренуваат акции кои придонесуваат за изградба на култура на сочувство, жалење за сите изгубени животи и за почитување на личните искуства.

Покрај тоа, огромната архива на Процесот РЕКОМ – како што се видео архивата, транскриптите од консултативниот процес, видео сведочењата и други содржини, а кои се однесуваат на најголемата јавна дебата која цивилниот сектор некогаш ја организирал на просторот на некогашна Југославија – е систематизирана и лесно достапна. Архивата е единственото сведоштво за процесот на помирување во регионот, непосреден увид во потребите и очекувањата на жртвите од војната, на нивните семејства, на академската, уметничката и правната заедница, на организациите и институциите.

 

12.05.2015