Вести

Нада Бодирога

Нада Бодирога, родена во Славско Поле, Хрватска. Нејзините родители, Даница и Теодор Самарџија, останале во селото по акцијата на хрватските сили „Oлуја“, на 4 август 1995 година. Таа сѐ уште ги чека резултатите од анализата на посмртните останки најдени на вратата на запалената родителска куќа.
„Oдговорот беше, секој збор го случнав: ‘(…) пронајдените остатоци не се од човечко, туку од животинско потекло.’ Повторно доживеав шок. Не се ни сеќавам како излегов од зградата на полицијата. И натаму не спијам. Едноставно не знам веќе кому да му се обратам, кого да прашам, кому да му верувам. Барам само едно ‒ писмено да ме известат дали направиле анализа и од какво потекло се ексхумираните остатоци. Ќе издржам. Нема да се откажам. Ја сакам вистината, имам право на вистината“.

За своето искуство Нада сведочеше на Десеттиот форум за транзициска правда, одржан во ноември 2014 година, во Белград. Откако ја сослуша, новинарот Борис Павелиќ ја подготви исповедта на Нада Боридорга и за ријечкиот Нови лист.

Сведоштвото е достапно само на БХСЦ јазици.

Svedočenje Nada Bodiroga