РЕКОМ мрежа за помирување

04.12.2010.

Жени жртви на војната – Oраховац/Rahovec, Косово-04.12.2010.

Локални консултации со жените жртви на војната за Иницијативата за РЕКОМ

Првите локални консултации со жените жртви на војната ги организираше Центарот за истражување, документирање и публикување (CDRP) од Косово, член на Коалицијата за РЕКОМ, на 4 декември 2010 година во Ораховац/Rahovec. Тие беа во рамки на Иницијативата за РЕКОМ (Иницијатива за основање регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства и другите кршења на човековите права во периодот 1991-2001 на територијата на бивша Југославија). На овие консултации учествуваа вкупно триесет и две жени. Учесничките беа припаднички на албанската, српската и ромската заедница од Велика Хоча/Hoqa e Madhe, Велика Круша/Krusha e Madhe и од Ораховац/Rahovec.

Голем број медиуми не одговори на поканата поради парламентарните избори кои се одржуваа во тоа време. Меѓутоа, на консултациите присуствуваше еден новинар на дневниот весник Lajm и напиша добра статија за споменатите консултации на Иницијативата за РЕКОМ.

Транскриптот и видео-снимката се достапни само на на БХСЦ јазици.

Pregled predloga, mišljenja i preporuka

Saopštenje organizatora