РЕКОМ мрежа за помирување

Dusan

18.05.2015.

БИРН: Иницијатива 7.000 за жртвите од Сребреница во Белград

memorialisation

Новинарот кој што стои зад иницијативата на оваа акција, планирана да се одржи во Белград во чест на жртвите од Сребреница, се надева дека неговата иницијатива ќе испрати поинаква слика за Србија во светот.

Dusan

Белград

 

 

Целта на Душан Машиќ е, на 11-ти јули, симболично да се соберат 7.000 луѓе, пред Народното собрание во главниот град на Србија.

Идејата е тие да легнат на земја, со што ќе го симболизираат приближниот број на жртви масакрирани во Сребреница, источна Босна, од страна на силите на босанските Срби, во 1995 година.

„На 11 јули, додека очите на целиот свет се во Поточари, сакаме да испратиме поинаква слика од Белград“, вели тој, објаснувајќи ги неговите мотиви.

„Ова нема да биде приказна за сегашниот режим, кој не успеа да се дефинира себеси во однос на злосторството што се случи пред 20 години, или за едно место каде што сé уште можете да купите сувенири со фотографии на Караџиќ и Младиќ. Ова ќе биде приказна за #7000 и подобра Србија“, објаснува Машиќ.

Машиќ за БИРН вели дека инспирација му била акцијата што на 16 април ја организирале хрватските студенти во Загреб, во чест на жртвите од масакрот во Кенија. Тие, оддавајќи им почит на 147 убиени студенти во оваа држава, 147 секунди лежеа на земја.

Белградската акција, симболично именувана како #7000, прво беше иницирана на Твитер. Секој оно што сака да земе учество во неа, ќе треба од Машиќ да побара број. Досега, повеќе од 6.000 лица го сториле тоа. Заинтересираните можат да испратат електронско писмо на sedamhiljada@gmail.com. Од вчера, иницијативата е поставена и на Фејсбук, а во тек е и изработка на интернет страница, објаснува тој.

„Целта ќе биде исполнета без разлика дали ќе не има 70.700 или 7.000. Бројката не е толку важна. Важно е, оние што сакаат да изразат сочувство за жртвите од Сребреница, да го сторат тоа“, рече Машиќ.

Додаде дека Народното собрание во Белград е вистинското место да им се оддаде почит на жртвите од Сребреница, бидејќи тоа „секогаш било место каде што граѓаните на Белград ги искажувале своите ставови. Тој е дом на сите нас и јас не гледам зошто тој тоа не би бил и на 11 јули“, вели Машиќ.

Сепак, вели дека би сакал слична акција да биде покрената и во други градови во регионот, кој беше зафатен со војна, почнувајќи од Сараево и Загреб.

„Би сакал некој да почне слична акција во Сараево за Братунац [каде што Бошњаци убија српски селани во Кравице во 1992 година], или пак во Загреб за жртвите од операцијата Бура [хрватската воена офанзива во 1995 година]“, рече тој.

„На тој начин би покажале дека можеме и дека се грижиме за посреќна иднина [во регионот]“,  истакна Машиќ.

Ставовите кон војните во 90-тите години не зависат од акции, како што # 7000, вели Машиќ, туку зависат од секој еден од нас.

„Луѓето треба да сфатат дека мораме да тргнеме од себе, самите нешто да направиме, ако сакаме нешто да се смени“, додава тој.

Иако ООН ја прогласи Сребреница за „заштитена зона“, силите на босанските Срби, во јули 1995 година, го гранатираа и окупираа градот. Во деновите што следеа, беа убиени повеќе од 7.000 бошњачки мажи и момчиња. Ова злосторство,  од меѓународните и босанските судови, беше оквалификувано како акт на геноцид.

Во меморијалниот центар Поточари, во близина на Сребреница, досега се погребани 6.241 идентификувана жртва, додека на главниот настан, со кој ќе биде одбележана 20-годишнината од геноцидот, ќе бидат погребани најмалку уште 61 идентификувана жртва.

Во март 2010 година, српскиот парламент усвои резолуција за осуда на масакрот во Сребреница, но не го генерира злосторството како геноцид.

Секоја година, невладини организации од Белград го одбележуваат масакрот во Сребреница, иако овие акции немаат голема поддршка.

„Ова би можело да биде најмасовна акција на сочувство со жртвите од Сребреница [во Србија] досега. На тој начин ќе покажеме дека се движиме во вистинската насока“, истакна Машиќ.

Само една недела по иницирањето на акцијата, вели Машиќ, почнал да добива и позитивни и негативни коментари. Некои лица, што се кријат зад прекари, му праќале заканувачки пораки на социјалните мрежи.

„Негативните реакции доаѓаат од луѓе на кои минатото им е поважно од иднината. Воедно, тие одбиваат да го прифатат тоа исто минато, што е далеку од убаво“, објаснува овој новинар.

„Би сакал, граѓанинот Томислав Николиќ, [претседателот на Србија] да земе еден број. Тоа би бил целосен успех на #7000“,заклучува Машиќ.

 

(Балканска транзициска правда, 24 Apr 15)

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.