Вести

Регионална дебата за моделот на РЕКОМ 01.07-21.12.2009.

Судењата за воени злосторства не се доволни. Потребно ни е тело во чие средиште се жртвите од војните, кое ќе ги утврди и јавно ќе ги соопшти фактите за сето она што се случило во недамнешното минато.

Преглед на клучните прашања со кои се бавеа учесниците на консултациите во најинтензивниот период на регионалната дебата за идниот РЕКОМ. Во втората половина на 2009 година беа одржани 35 консултации. Во филмот е презентирана и интерактивна мапа на бивша Југославија со ознаки за местата на одржување на консултациите, заклучно со крајот на 2009 година.