РЕКОМ мрежа за помирување

Иницијативата за РЕКОМ е вклучена во Стратегијата на проширување и во извештаите на Европската комисија

t2_Evropska-Komisija

Европската комисија на 12.10.2011. го прифати  својот годишен преглед за стратегијата за проширување и за напредокот на европскиот пат кој земјите од западен Балкан, Турција и Исланд го оствариле во изминатата година. Во таа пригода се објавени Стратегијата за проширување и главните предизвици во 2011-2012 и извештајот за напредокот на секоја држава од регионот,како и посебен аналитички извештај за Србија.

Стратегијата за проширување ги поставува целите за наредниот временски период и го резимира прогресот на кандидатите за членство во Европската унија. Извештаите  за напредокот се додаток на Стратегијата за проширување и во нив органите на Европската комисија проценуваат колку државите напредувале во европските интеграции. Овие документи уште еднаш и даваат поддршка на Иницијативата за РЕКОМ како важна за тој напредок.

Во Стртегијата за проширување , во  главата 2.3 под наслов „Enhancing regional cooperation and reconciliation in the Western Balkans“, истакнато е дека Европската комисија внимателно ги набљудува ваквите активности, бидејќи се од суштинско значење за стабилнос  и за придружување  кон Европската унија. „Initiatives by NGOs and civil society, such as the […] Truth and Reconciliation Commission (RECOM) […] play an important role in enhancing reconciliation beyond governments among the citizens of the region “ се вели на тоа место.

Во  главата 1.3 од аналитичкиот извештај за Србија, под наслов „Regional issues and international obligations“, се споменува регионалната соработка и добрите меѓусоседски односи. Во рамките на ова, во извештајот како позитивна оценка стои: „Serbia supports the RECOM initiative on reconciliation.“

Oфицијалната политичка поддршка на Иницијативата за РЕКОМ е истакната и во главата 2.3. на извештајот за напредокот за Босна и Херцеговина,на  Хрватска,на  Македонија,на  Црна Гора и на Косово, каде се нагласува дека секоја од овие земји „continues to actively support […] the RECOM initiative“.