Вести

Семка Агиќ

Семка Агиќ живее во градот Живинце, во близина на Тузла. На осми мај 1992 година отишла во Босански Шамац за да го побара својот син. Го затекнала градот пуст, со масовно протерано бошњачко и хрватско население. Нејзиниот деветнаесегодишен син минал два месеца на присилна работа, а потоа бил и убиен. Кога го погребала, на патот накај дома Семка била заробена и силувана. Нејзината агонија во заробеништвото траела неколку години.

Семка Агиќ сведочеше на Шестиот регионален форум за транзициска правда  одржан во Нови Садu, на 20-21 март 2010 година.

Транскриптот и видео-снимката на сведочењето се достапни само на босански јазик.

Svedočenje Semka Agić