Вести

Љубиша Филиповиќ

Љубиша Филиповиќ, раселено лице од Косово, живее во Црна Гора.

„Јас успеав, благодарение на Фондот на Велика Британија, во Призрен да се направат десет кучи за повратниците. Тие куќи се направени врз старите темели, но во тие куќи ни до ден денешен луѓето не се вселени. Нема слобода на движење, никој не им ја гарантира безбедноста, немаат учлилишта на свој јазик, немаат вработувања и човек не може да опстане и да живее доле. Би требало да се работи на помирување, на враќањето, на трајно враќање.

Верувам дека, првенствено и најнапред мора да дојде до помирување меѓу народот, па дури тогаш ќе биде можно враќањето. Поинаку, не е можно.

Љубиша Филиповиќ сведочеше на Десеттиот форум за транзициска правда, одржан во Белград, на 15-16 ноември 2014 година.

Видеото и транскриптот се достапни само на српски јазик.