Вести

Десанка Пејчиновиќ

Во рамки на сесијата ’Јавни сведочења на жртвите’ на Десеттиот форум за транзициска правда одржан во Белград, на 15-16 ноември 2014 година, од публиката за збор се јавиДесанка Пејчиновиќ, раселено лице од Косово. Последен пат го видела својот деветнаесетгодишен син Слободан на 26 март 1999 година, кога по појадокот излегол во градот [Пеќ]. Oд соседката слушнала дека со албанските другари заминал преку родот.

„Ние сме подготвени сѐ да простиме и да стоиме понижени поради вистината. Ги нема меѓу мртвите, ги нема ни меѓу живите, и затоа јас молам, и не само РЕКОМ, туку сите луѓе со добра волја, карактерни, со широко срце, да ни помогнат. Неиздржливо е да се чекаат коски, за да му направиме гроб, да му се оддолжам како мајка. Mожеби ве оптоварив, нo тешко ми е, вие тоа ќе го разберете подобро од некои други.“

Десанка ја прочита песната на Драгица Мајсторовиќ, чиј син Иван, ученик во трета година гимназија во Приштина, исчезнал на 19 август 1999 година. Нејзината песна има наслов „Убицо“:

Убиецу, ќе ти биде простено, само кажи ми каде ми го закопа синот?

Дали му стави на гради лапски камен или сипнички песок по него расфрли?

Можеби во мојата нива го положи?

Како го осуди, каква вина му најде, што му рече на крајот?

Дали му ги врза очите или смело во лице на дете гледаше?…

 

Транскриптот и видеото се достапни само на БХСЦ јазиците.

 

Svedočenje Desanka Pejčinović