Вести

VIDEO :: Да се откријат тајните гробници

Во војните на територијата на бивша СФРЈ, од јануари 1991 до крајот на 2001 година, животот го загубија најмалку 130.000 луѓе. Судбината на 13.000 луѓе сѐ уште не е разјаснета. Семејствата на исчезнатите одат од една до друга гробница, од една власт до друга, надевајќи се дека ќе ги пронајдат своите и ќе им организираат достоинствен погреб.

Да им помогнеме да ги најдат своите мртви, да ги погребаат, за семејствата да добијат јавно место на кое ќе положат цвеќе.

Ако имате информација за некоја гробница, за судбината на некој од исчезнатите, немојте да молчите. Помогнете семејствата на исчезнатите да го најдат својот мир. Јавете ѝ се на Коалицијата за РЕКОМ:

+381 63 393 048