РЕКОМ мрежа за помирување

07.07.2011.

Kампањата за собирање на потписи за РЕКОМ-Извештај за Иницијативата на младите за човекови права во Србија и во Хрватска

26 април-30 јуни 2011.

 

Кампањата за собирање на потиси за основање на РЕКОМ ја водеа Заводот Академија за напрадни идеи (Словенија),ПРОНИ И Младински ресурсен центар (БиХ), Центар за мониторинг-ЦЕМИ (Црна Гора), Интегра (Косово), Младински образовен форум- МОФ(Македонија), Иницијатива на младите за човекови права во Хрватска и Иницијатива на младите за човекови права во Србија кои ги координираа активностите на регионално ниво. Во организацијата на кампањата непосредно беа ангажирани два регионални координатора,осум национални ( на ниво на држави) и 81 локален координатор, кои ја поврзуваа активноста на волонтерите на теренот.

Кампањата траеше од 26.04. до 30.06. 2011 година. До 5. 07. 2011 година во Базата на податоци на кампањата за собирање на потписи беа внесени 542.660 потписи за поддршка за основање на РЕКОМ. Во иднина, додека владите на пост-југословенските земји не донесат одлуки за основање на РЕКОМ, собирањето на потисите и поддршката ќе се одвиваат преку интернет (http: support. зarekom. оrg) и на јавни случувања на члениките на коалицијата за РЕКОМ.

Извештај за Иницијативата на младите за човекови права во Србија и Иницијативата на младите за човекови право во Хрватска за кампањата 1.000.000 потписи за РЕКОМ

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.