РЕКОМ мрежа за помирување

Јас трчам за РЕКОМ на Скопскиот, Приштинскиот и Белградскиот маратон

Logo REKOM - Trcim za rekom

 

Коалицијата за РЕКОМ ги повикува сите да се трчаат на Скопскиот, Приштинскиот и Белградскиот маратон 2014.

Коалицијата за РЕКОМ ги поканува граѓаните да земат учество во Акцијата Јас трчам за РЕКОМ, која е интегрален дел на Приштинскиот, Скопскиот и Белградскиот маратон 2014.

Во 2014 година Коалицијата за РЕКОМ ќе учествува на Приштинскиот маратон кој ќе се одржи на 11 мај. Истиот ден ќе се одржи и Скопскиот маратон, чиј дел ќе биде и Акцијата Јас трчам за РЕКОМ. Пред овие одделни маратонски трки, Коалицијата ќе учествува и на Белградскиот маратон, кој ќе се одржи на 27април.

Коалицијата за РЕКОМ веќе учествуваше на маратоните во Сараево, Загреб, Подгорица и Љубљана одржани минатата година, при што преку 300 учесници, особено млади луѓе, трчаа на патека долга 5 километри, како дел на Акцијата Јас трчам за РЕКОМ.