РЕКОМ мрежа за помирување

Црна Гора: Избегнување на сеќавањето на смртоносните воени депортации

Семејствата на 66 бошњачки бегалци, кои Црна Гора, во 1992 година, ги предаде во рацете на силите на босанските Срби, по што тие беа убиени, бараат да им се подигне споменик на нивните најблиски. Сепак, се чини дека властите не се подготвени да се соочат со злосторствата од минатото.

“Tоа мене многу би ми значело, и на моите деца, на сите … Мислам дека би било добро државата Црна Гора да го стори тоа, така што новите генерации ќе знаат дека порано имало толку лоши луѓе, кои однеле некои други, невини луѓе во смрт. За тоа никогаш повеќе, никому друг во светот, да не му се случи”.

Со овие зборови, Хава Босно, објаснува зошто верува дека црногорските власти треба да подигнат спомен-обележје za најмалку 66, претежно бошњачки бегалци, од Босна и Херцеговина, меѓу кои бил и нејзиниот сопруг Есад, кои полицијата на Херцег Нови, ги предала во рацете на Војската на Републиката. Српски (ВРС). Тие, по ова, биле убиени.

Првата од двете групи бегалци, била предадена на 25 мај 1992 година. Бегалците со автобус биле депортирани во логор во Фоча, источна Босна, кој го држеле српските сили. Само неколкумина од нив преживеале.

На 27 мај 1992 година, на непозната локација во источна Босна, била однесена втората група бегалци. Подоцна се дознало дека се убиени. Посмртните остани на поголемиот дел од нив, до денес не се пронајдени.

„Замислете кога некој ќе го земе вашиот татко, вашиот сопруг, пред вашите очи и ќе го однесе во смрт“, вели Босно. „После долги години, закопавме неколку негови коски, кои беа пронајдени некаде во околината на Белград“.

Нејзиното семејство, за да ја избегне војната во БиХ, од Сребреница се преселило во Црна Гора, објаснува Босно, која денес живее во Шведска.

„Ние не сторивме ништо. Само баравме спас … Нашите сопрузи не земаа пушки за да војуваат, туку тргнаа да го напуштат целото зло што се подготвуваше“, додава таа.

Меѓу бегалците што ги одвеле, бил и сопругот на Хазбија Бегиќ, Асим. Таа, тогаш, со Хава Босно, отишла во полициската станица во Херцег Нови, во обид да откријат што се случило со нивните сопрузи.

„Кога дојдовме во полицијата, еден полицаец нè пресретна и нè праша: ‘Што сакате?’“, се сеќава таа. „Ги прашавме за нашите сопрузи, а тој дрско ни одговори и погледна во својот часовник, го впери во него прстот и рече: ‘Ако нѐ заминете од тука за пет минути, ќе одите во непознат правец, исто како и вашите луѓе’“.

Следниот ден, тие двете отишле кај началникот на полицијата, кој „мавташе со парче хартија и рече дека станува збор за список на сите злосторници, кои треба да бидат собрани во Црна Гора и да бидат депортирани во нивните матични општини“, вели таа.

Золвата на Хазбије Бегиќ, Бахрија Бегиќ, чиј сопруг Азем го одвеле, објаснува дека во Херцег Нови дошла како бегалец од Босна и Херцеговина, со нејзиниот сопруг и двете ќерки, со цел за ја избегнат војната.

И Бахрија денес живее во Шведска. Се сеќава дека полицијата го привела нејзиниот сопруг на сослушување на 23 мај 1992 година и дека тој никогаш не се вратил.

„Цивилен автомобил беше паркиран во дворот, наскоро се паркираше и полициски автомобил. Не се сеќавам на фигурата на полицаецот што дојде, но се сеќавам на секоја линија на лицата на мажите кои излегоа од цивилниот автомобил. Тие беа огромни луѓе … Се сеќавам на златните ланци, избричените глави и нивните остри погледи“, потенцира таа.

„Ни беше речено да ги предадеме личните карти што е можно поскоро. Влегов во куќата со трчање за да ги најдам нашите документи, а маж ми остана надвор. Ги барав во паника … ги најдов личните карти, излегувам, а сопругот не е во дворот. Тој беше во автомобилот … Тие, со ладен глас, ми рекоа дека станува збор за ‘рутинска контрола’ и заминаа“.

Следниот ден заминала во полициската станица, за да праша зошто го држат нејзиниот сопруг. Шефот на полицијата ја сослушал, но не ѝ одговорил. Другите полицајци ја навредувале и ја пцуеле, а потоа ја однеле надвор.

„Навредена и понижена, повторно дојдов после неколку часови … тука ме прими дежурната полиција и повторно ме сослушаа. Тие, за прв пат, ми влејаа голема надеж. Ми рекоа да спакувам храна, топла облека и чевли, затоа што на мојот сопруг ќе му требаат … Подготвив, спакував, се радував – тој е жив“, вели таа.

„Ја однесов торбата истата вечер“, се сеќава таа. „Му ја предадов торбата на дежурниот полицаец на шалтерот. Неговиот став, изразот на лицето и начинот на кој тој ја спушти мојата торба на подот, ми кажаа сè … Само додаде: напушти ја станицава што е можно поскоро, во спротивно, ти си следната“.

Бегиќ истакнува дека никогаш не дознала точно кога е убиен нејзиниот сопруг, кој го убил или зошто. Неговите останки се пронајдени во Сремска Митровица, во Србија, во јуни 1992 година. Тој бил идентификуван дури во 2005 година.

„ДНК примероците од моите девојчиња, сега возрасни жени, потврдија дека тоа е тој“, вели Бегиќ.

Во 2005 година, таа ја тужеше Црна Гора и го доби случајот. „Тие ја признаа својата грешка, својата вина. Тоа е голем чекор кон правдата, иако правдата никогаш нема да биде целосно задоволена“, нагласува таа.

„На мене и на моите девојчиња ни беше исплатен паричен надоместок, како отштета од државата Црна Гора. Може ли таа сума пари да ја надомести загубата на сопругот, на таткото на моите девојчиња? Мојот одговор е не, не може. Таа болка никогаш не може да биде компензира“.

Судска спогодба со 200 члена на семејствата на жртвите и со неколку преживеани, беше постигната во декември 2008 година, по парницата што траеше скоро четири години. Црна Гора, на семејствата, им исплати вкупно 4.135.000 евра отштета, поради незаконските активности на црногорската полиција.

Бегиќ се надева дека луѓето ќе научат нешто од она што се случило во 1992 година: „Човечкиот живот, човековите права, треба да бидат над сè, над нацијата, религијата, полот или бојата на кожата“, истакнува таа.

„Сите невини жртви заслужуваат спомен-обележје

Хава Босно (лево), со децата и сопругот Есад, кој бил депортиран, а потоа убиен. Фотографија на Хава Босно

Hava Bosno po shpjegon pse ajo beson se autoritetet malazeze duhet të ngrenë një monument në nder të të paktën 66 refugjatëve kryesisht boshnjakë nga Bosnja dhe Hercegovina – burri i saj Esadi mes e tyre – të cilët iu dorëzuan policia në qytetin malazez të Herceg Novit tek Ushtria armiqësore Serbe e Bosnjës dhe më pas u vranë.

Во 2011 година, група невладини организации, му пишаа на претседателот на црногорскиот Парламент и на шефовите на парламентарните групи на различни политички партии, барајќи во Црна Гора да се прогласи Ден на сеќавање на жртвите на депортациите од 1992 година.

Невладините организации, Акција за човекови права, Центарот за граѓанско образование, АНИМА – Центар за женско и мировно образование и Советот за граѓанска контрола на работата на полицијата, побараа подигнување на спомен-обележје, пред зградата на полициската управа во Херцег Нови.

Овие организациите, исто така, побараа, црногорската полиција да се извини за незаконското однесување при апсењето и депортацијата на бегалците. Ниту едно од нивните барања, не е исполнето.

Во септември 2018 година, тие повторно испратија барање за поставување на спомен-обележје на жртвите, до црногорскиот премиер, министрите за внатрешни работи и за култура, претседателот на општинското собрание на Херцег Нови и до сите градски советници.

Само Министерството за култура испрати одговор, во кој се вели дека општината треба да ја одобри иницијативата, пред тие да можат да преземат некакви активности.

Во јуни 2015 година, oпштина Херцег Нови побара од Владата и Министерството за култура толкување на одредбите на два члена од Законот за спомен обележја, но одговор не доби. Од општината информираат дека законот вели оти спомен-обележје не може да се подигне пред да се навршат 50-години од одреден настан, освен ако Владата не даде дозвола за тоа. Од таму додаваат дека за подигнување на спомен-обележје пред полициската управа, е потребна согласност од управата.

Од кабинетот на градоначалникот на Херцег Нови, за БИРН изјавија дека тие се подготвени да продолжат со иницијативата, доколку се исполнат овие услови, затоа што веруваат дека „за сите невини жртви од војните во 90-тите,  треба да се подигне соодветно спомен-обележје“.

Тие забележуваат дека не добиле никаков одговор од надлежните државни органи во врска со иницијативата, што во 2015 година биле испратена од Здружението на воените ветерани на општина Херцег Нови, за подигнување на споменик за 25 војници, убиени во војната во 90-тите.

„Сето ова не води до заклучок дека државата нема волја да ги подигне споменатите спомен-обележја, и сите можеме да ја бараме причината во тоа што гарнитурата на државна власт што ја водеше Црна Гора во 90-тите години, кога се случија овие настани, е истата што ја води и денес“, додаваат од кабинетот.

Демократската партија на социјалистите (ДПС) е на власт во Црна Гора од 1990 година. Нејзиниот лидер, Мило Ѓукановиќ, беше премиер во времето на депортациите на бегалците во 1992 година. Тој денес е претседател на Црна Гора. Херцег Нови е еден од ретките градови каде што на локално ниво владее опозицијата.

Предлогот за подигнување на спомен-обележје требаше да биде испратен до оштинското Собрание на Херцег Нови во 2015 година, но тој не се најде на дневен ред на седницата на Собранието, бидејќи не го доби потребното мнозинство.

Советниците на ДПС, листата на граѓани Избор и листата Новска беа воздржани, а оние од Социјалистичката народна партија и Демократска Црна Гора, не беа во собраниската сала за време на гласањето.

Драган Шимрак, кој тогаш беше советник на Социјалдемократската партија, беше оној што предложи иницијативата да биде ставена на дневен ред на седницата на Собранието. Тој сега е менаџер на општина Херцег-Нови и како што вели, сè уште не е доцна да се продолжи со иницијативата за подигнувење на спомен-обележје.

„Потребно е само малку политичка волја за нејзино спроведување. За жал, не постоеше волја ниту кај државата, ниту кај општината. Тоа е очигледно“, вели Шимрак.

Но, директорката на организацијата, АНИМА – Центар за женско и мировно образование, Љупка Ковачевиќ, посочува дека ниту еден претставник на политичките партии, кои наводно се залагаат за справување со минатото, не направиле ништо за да ја протуркаат иницијативата.

„Барем една јавна трибина, дискусија, акција. Тие мислат дека е доволно што тие политички се ‘за тоа’“, посочува Ковачевиќ.

„Сите обвинети беа ослободени“

Теа Горјанц Прелевиќ (во средина, напред),
директорка на организацијата, Акција за човекови права, на одбележување на годишнината од депортациите на жртвите, во мај 2015. Фото: Акција за човекови права

I pari nga dy grupet e refugjatëve u dorëzua më 25 maj 1992. Ata u dëbuan me autobus në një kamp të drejtuar nga serbët në Foca në lindje të Bosnjës. Vetëm disa prej tyre mbijetuan.

Иако поминаа 28 години од депортациите, никој, до денес, не е осуден за нив. Девет поранешни членови на Министерството за внатрешни работи и на државната безбедност, беа обвинети за воени злосторства над цивили, но сите беа ослободени.

Тоа беше одлука што Вишиот суд во Подгорица ја донесе во 2012 година. Една година подоцна, пресудата ја потврди и Апелацискиот суд. Вишиот суд пресуди дека обвинетите незаконски ги лишиле цивилите од слобода, но дека не можат да бидат одговорни за воени злосторства, ниту пак се ставиле во служба на која било од страните во конфликтот во БиХ.

„Под голем притисок на јавноста и на меѓународната заедница, деветмина поранешни државни службеници, немарно и селективно беа обвинети, а меѓу нив немаше никого од врвот на власта, ниту пак некој од обвинителството, кои дале дозвола за нивно апсење и депортација“, вели, Теа Горјанц Прелевиќ, директорка на организацијата, Акција за човекови права.

„Иако ова дотогаш беше едно од најдобрите документирани злосторства, сите обвинети беа ослободени“, додава таа.

Горјанц Прелевиќ посочува дека досега, обвинителството не сторило ништо за да ги разгледа грешките направени во овој случај и да утврди кој друг би можел да биде обвинет.

Во име на шест мајки, сопруги и сестри на жртвите, таа поднесе тужба до Европскиот суд за човекови права, обвинувајќи ја Црна Гора дека „не успеала да обезбеди кривична правда во овој случај и оти не го почитувала човековото право на живот и забраната за тортура“.

Постапката е сѐ уште во тек и е затворена за јавноста, но Горјанц Прелевиќ потенцира оти смета дека тужителите имаат „големи шанси за успех“.

Од 2010 година, Акција за човекови права организира комеморативни собири за жртвите на депортациите, пред зградата на полицијата во Херцег Нови.

„Тоа не ѝ помага на Црна Гора на нејзиниот европски пат“

Ковачевиќ вели дека, иако државата ги обештетила семејствата на жртвите, и со тоа признала дека е сторено злосторствоо, таа „не ја прифати одговорноста за ова злосторство и не ги пронајде виновниците“.

Европската комисија во своите извештаи за напредокот на Црна Гора кон членството во ЕУ, во повеќе наврати посочи дека еден од условите што земјата мора да ги исполни е да се соочи со минатото од 90-тите и да ги казни одговорните за воени злосторства.

Во најновиот извештај на комисијата се вели дека од 2016 година не се отворени нови случаи на воени злосторства и дека четири случаи, вклучително и случајот со депортација на бегалците, останале во фаза на прелиминарна истрага.

На прашањето дали поставувањето спомен-обележје за жртвите на депортациите ќе има позитивно влијание врз напредокот на земјата кон членството во ЕУ, Горјанц Прелевиќ вели дека тоа би било генерално добро за демократскиот развој на Црна Гора.

„Злосторствата од минатото мора да бидат прифатени, казнети и обележани, без исклучок, и соодветно да се воведат во образованието на новите генерации. Тоа единствено дава шанса да не се случат повторно, што е, секако, и интерес на Европската унија“, потенцира таа.

Ковачевиќ смета дека ова спомен-обележје може да послужи како основа за помирување меѓу поделените заедници од различни националности во Црна Гора и да помогне да се оддалечиме од „воинствениот менталитет“ и лажниот патриотизам.

Исто така, може да послужи како трајно предупредување дека луѓето се должни да одбијат да ги почитуваат наредбите што резултираат со воени злосторства или други кршења на човековите права, нагласува, Тамара Милас, координатор на програмата за човекови права на Центарот за граѓанско образование.

Таа потенцира оти тоа што „ова воено злосторство не е казнето во согласност со меѓународното и домашното право, не придонесува кон европскиот пат на Црна Гора“.

„Одбележувањето на 27 мај како Ден на сеќавање на жртвите од депортациите, не само што ќе биде помен за 66-те жртви, туку и можност да се потенцира обврската на сите во општеството, заедно да ги јакнеме оние идеи, кои се насочени против омразата што доведе до ова злосторство“, додава таа.

Хава Босно нагласува дека дури и денес не разбира зошто нејзиниот сопруг бил депортиран и убиен, но и дека се чувствува повредено поради ставот на црногорските власти.

„Тие зедоа дел од мене, нешто што го сакав. Тие го зедоа таткото на моите деца“, вели таа.

„Вакви ужасни работи никогаш повеќе да не се случат. Особено не на невини луѓе“, заклучува Босно.

Овој текст е напишан во рамките на програмата Балканска транзициска правда, која е поддржана од Европската комисија.

Извор: Balkan Insight