25.01.2013.
Именувани се претставници за РЕКОМ
Претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ ја именуваше Злата Ѓурѓевиќ, редовен професор на Правниот факултет на Универзитетот во Загреб, на 25 јануари 2013 година;
Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов го именуваше Лубен Арнаудоски, заменик на генералниот секретар за правни и организациски работи во својот Кабинет, на 25 јануари 2013 година;
Претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ ја именуваше Соња Томовиќ-Шундиќ, декан на Факултетот за политички науки во Подгорива и негов личен советник за малцински и човекови права, на 28 јануари 2013 година;
Претседателката на Косово Атифете Јахјага го именуваше Селим Селими, својот правен советник, на 25 март 2013 година;
Членот на Претседателството на БиХ Жељко Комшиќ го именуваше Горан Михаљевиќ, правник, офицер за врска со Хашкиот трибунал, на 25 март 2013 година;
Членот на Претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ го именуваше Aљоша Чампар, правник, доградоначалник на Сараево, за свој пратеник, на 21 февруари 2013 година;
Претседателот на Србија Томислав Николиќ го именуваше Синиша Важиќ, судија на Апелациониот суд во Белград за свој пратеник, на 30 јуни 2013 година;
Претседателот на Словенија Борут Пахор и третиот член на Претседателството БиХ, Небојша Радмановиќ, не именуваа свои претставници за РЕКОМ [1].
[1]Во име на Коалицијата заРЕКОМ и на јавните заговарачи, професорот Жарко Пуховски, лично му се обрати на претседателот на Словенија, и на 24.04.2014 година прими одговор од неговиот советник за надворешни работи, со кое беше известен дека прашањето на РЕКОМ е во надлежност на Владата на Словенија. На Коалицијата за РЕКОМ ѝ беше препорачано да му се обрати на Миниситерството за надворешни работи на Република Словенија. Tретиот член на Претседателството на БиХ никогаш не одговори на дописите и на јавните обраќања на Коалицијата за РЕКОМ во врска со именувањето пратеник за РЕКОМ.