06.09.2013.
Со работа започна Регионалната експерска група за РЕКОМ
Регионалната експерска група ја сочинуваат личните претставници за РЕКОМ на претседателите/членовите на Претседателството на БиХ. Задачата на пратениците за РЕКОМ, која беше формулирана од претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ, е анализа на Предлог Статутот на РЕКОМ од аспект на уставно-правните и политички можности за основање на РЕКОМ, во секоја земја одделно.
Во работата на Регионалната експерска група, во име на Коалицијата за РЕКОМ и на јавните заговарачи, учествуваа Мидхат Измирлија, член на Работната група за статут на Коалицијата за РЕКОМ и Наташа Кандиќ, координаторка на процесот РЕКОМ. Нивната задача беше од техничка природа, да дадат толкување на Предлог Статутот на РЕКОМ кој беше предложен од Коалицијата и да се погрижат сите предлози на пратениците благовремено и веродостојно да бидат внесени во Измените. Во работата, повремено, во својство на посматрачи, учествуваа и останатите јавни заговарачи.
Претставниците одржаа вкупно четири состаноци, од кои два состаноци во 2013 година, на 8 септември и на 24 октомври, двата во Загреб, и до крајот на јуни 2014 година, два состанока – на 8 март, во Загреб, и на 4 мај, во Белград. На вториот состанок, претставниците донесоа одлука да се консултираат со претседателите/членовите на Претседателството на БиХ за „периодот и подрачјето на истражување“ на Комисијата, пред да го упатат финалниот документ на Измените на разгледување и одлучување. Претставниците започнаа со консултации во мај и до крајот на јуни 2014 година сѐ уште во тек. Јавните заговарачи активно учествуваа во споменатите консултации.
Претставниците за РЕКОМ го нокончаа својот мандат на 28.10.2014 година. Предложените Измени на Предлог Статутот на РЕКОМ, беа усвоени на Собранието на Коалицијата за РЕКОМ, на 17.11.2014 година.