28.10.2008.
Формирана е Коалицијата за РЕКОМ
Коалицијата за РЕКОМ е мрежа на на организации на цивилното општество од постјугословенските земји кои се залагаат за основање на РЕКОМ – Регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства и другите тешки кршења на човековите права извршени на територијата на бивша СФРЈ, oд 1 јануари 1991 до 31 декември 2001 година.
Коалицијата е формирана на 28 октомври 2008 година во Приштина, на Косово, во рамките на Четвртиот форум за транзициска правда, со одлука на 100 невладини организации за човекови права, организации на млади и здруженија на семејствата на исчезнатите и бившите логораши, учесници/учеснички на споменатиот Форум. До крајот на 2014 година, Коалицијата за РЕКОМ броеше преку 2.050 невладини организации и поединци. Сите тие го делат мислењето дека единствено заедничкиот, регионален пристап кон утврдувањето на фактите може да гарантира сеопфатен историски запис за тоа што се случило во минатото.
Со Коалицијата за РЕКОМ управува Собранието на членовите и членките на Коалицијата. За техничка и стручна поддршка на Коалицијата е задолжен Регионален совет, со кој раководи координаторката на проектот/процесот РЕКОМ наташа Кандиќ, a во чиј состав се претставници на десет невладини организации од постјугословенските земји, кои се и Партнерски организации на проектот РЕКОМ: Фондот за хуманитарно право (Србија), Иницијативата на младите за човековите права во Србија, Иницијативата на младите за човековите права во Хрватска, Здружението за транзициска правда, одговорност и сеќавање во БиХ (ТПОС), Центарот за демократија и транзициска правда (БиХ), Фондот за хуманитарно право Косово, Центарот за граѓанско образование (Црна Гора), Центарот за истражување и креирање политики (Македонија) и Центарот за истражување на религијата, политиката и општеството (Србија).
Статут на Коалицијата за РЕКОМ
Статутот на Коалицијата за РЕКОМ е усвоен на Собранието на членките на Коалицијата кој беше одржан во Загреб, на 15 октомври 2010 година, a актуелните Измени и дополнувања на Статутот на Коалицијата се усвоени на Собранието на Коалицијата за РЕКОМ oдржано во Сараево, на 26 јуни 2011 година.
Членови на Регионалниот совет на Коалицијта за РЕКОМ