09.10.2011.
Формиран е Регионален тим на јавни заговарачи
Втората фаза на процесот РЕКОМ, Институционализацијата на Иницијативата за РЕКОМ (пренесување на Иницијативата од цивилно на политичко ниво) започна со формирање на Регионален тим на јавни заговарачи (РТЈЗ) во октомври 2011 година. Членовите на тимот, на повик на Фондот за хуманитарно право, беа предложени од партнерските организации кои активно учествуваа во трогодишниотконсултативен процес за мандатот на РЕКОМ. Примарната цел на РТЈЗ е политичко заговарање за основање на РЕКОМ.
РТЈЗ го сочинуваат: Здравко Гребо, професор на Правниот факултет во Сараево, Дино Мустафиќ, театарски режисер и новинарката Џенана Каруп-Друшко (БиХ), Жарко Пуховски, професор на Филозофскиот факултет во Загреб (Хрватска), новинарот Aдриатик Келменди (Косово), новинарот Драгољуб Вуковиќ (Црна Гора), новинарот Динко Грухоњиќ и активистката за човекови права, Наташа Кандиќ (Србија), и проф. д-р Жидас Даскаловски (Македонија).
Билјана Ванковска, професор на Филозофскиот факултет во Скопје (Македонија) поднесе оставка во членството во РТЈЗ во коември 2013 година, бидејќи сметаше дека не постигнала соодветен успех во јавното заговарање во Македонија. Новинарот Игор Мекина (Словенија) престана со активностите во РТЈЗ и во Иницијативата за РЕКОМ во јануари 2014 година.