12.10.2011.
Иницијативата за РЕКОМ е вклучена во Стратегијата за проширување и во извештаите на Европската комисија
Европската комисија, на 12.10.2011, го објави документот Стратегија за проширување и клучните предизвици 2011-2012 за регионот на бивша СФРЈ, и во поглавјето 2.3 ја наведе Иницијативата за РЕКОМ како исклучително значајна за процесот на регионално помирување. Исто така, во извештаите за напредокот на Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, македонија, Црна Гора и Косово, ЕК ја истакна поддршката за Иницијативата за РЕКОМ како интегрален дел на процесот на европски интеграции на земјите во регионот.
Европската комисија, и во извештајот за прогресот на Србија во процесот на евроинтеграција за 2013 година, наведе дека продолжува со својата поддршка за Процесот РЕКОМ. Во документот Стратегија за проширување и клучните предизвици 2013 -2014 (SERBIA 2013 progress report) кој беше објавен на 16 октомври 2013 година, ЕК го поздрави првиот состанок на пратениците на претседателите на државите за РЕКОМ.