РЕКОМ мрежа за помирување

Podržavam REKOM logo

10.11.2015.

Тркалезната маса во Скопје – РЕКОМ Иницијатива

Podržavam REKOM logoCRPM logo

 

Тркалезна маса – РЕКОМ

Датум: 10-ти Ноември 2015

Време: 18 часот

Место: Хотел Порта Скопје (населба Аеродром, близу Три бисери)

 

Центарот за истражување и креирање политики има чест и задоволство да Ве покани на Тркалезната маса – РЕКОМ Иницијатива. На настанот ќе се одржи на 10.11.2015 со почеток од 18ч. во хотел Порта (Скопје).

На него ќе се дискутира околу последниот извештај на Пабло Де Гриф од Советот за човекови права при ОН околу унапредувањето на вистината, правдата, обештетувањето и гаранциите за неповторување, состојбата во ЈИЕ и помирувањето, најновиот Зборник за транзициска правда и помирување, како и состојбите на ова поле во РМ.

На настанот како говорници ќе настапат:

– Воведно обраќање на проф. Жидас Даскаловски, национален заговарач за Иницијативата РЕКОМ: Извештајот на посебниот известител за унапредување на вистината, правдата, обештетувањето и гаранции за неповторување, Пабло Де Гриф, Совет за човекови права при ОН

– Проф. Ерик Горди, Универзитет на Лондон, Државите од ЈИЕ, ЕУ и „помируцањето

– Проф. Билјана Ванковска, Презентација и дискусија: Зброник – Транзициска правда и помирување (уредници Светлана Слапшак и Нашата Кандиќ)

-Mагистер Раим Лимани, поранешен припадник на ОНА, Процесот на „помирување во РМ“

По презентациите, следи дебата помеѓу присутните.

 

Жидас Даскаловски – национален заговарач за Иницијативата РЕКОМ

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.