РЕКОМ мрежа за помирување

t_REKOM-znak-mali

27.06.2011.

РЕКОМ е патоказ за идните миротворци

t_REKOM-znak-mali

САРАЕВО, 27 Јуни 2011

РЕКОМ е патоказ за идните миротворци и тој е потребен за односите во регионот да се изградат на здрави темели со почит и отвореност, рече градоначалникот на Сараево Алија Бехмен отворајќи го Меѓународниот форум за транзициона правда во пост-југословенските земји во Сараево.

Бехмен истакна дека во Сараево загинале 13.000 цивили и дека тој факт треба да биде предупредување за такво зло, никогаш повеќе да не се повтори. “За вистината и правдата да го најдат својот пат, мораме да се соочиме со минатото. Затоа е потребно да се формира регионална комисија за утврдување на факти за воени злосторства и други сериозни прекршувања на човековите права, затоа што тоа е наша обврска кон жртвите, но и обврска за подобра иднина”, рече тој, додавајќи дека не можеме да живееме во лага. “Ние мора да го чуеме гласот на жртвите. Негирањето на злосторствата е исто како и партиципирање во нив”, рече градоначалникот Бехмен.

Директорката на Фондот за хуманитарно право од Белград Наташа Кандиќ изјави дека конференцијата за транзиционата правда во пост-југословенските земји, има за цел да се отвори дијалог првенствено со локалните институции коишто треба да придонесат кон владеење на правото и правдата во врска со прекршувањето на човековите права во минатото.

“Денес зборуваме за правда од перспектива на жртвите, од аспект на локалните институции за транзиционата правда, како што се обвинителството за воени злосторства, правосудството, ресорните министерства, од аспект на научната заедница, како и од аспект на оние кои се вклучени во тоа како да се дојде до правдата и со кои инструменти. Зборуваме од перспектива на една специфична коалиција која се залага покрај судењето за воени злосторства на овие простори да постои и една регионална комисија во чиј фокус ќе бидат жртвите, наспроти судењата во чиј фокус се извршителите на воени злосторства“, рече Кандиќ.

Според неа, задачата на иницијативата е да ги убеди и да ја добие поддршка на локалните институции  за транзиционата правда, како што се обвинителства и министерства,  и на тој начин процесот на соочување со злосторствата да добие и официјален и државен печат.

Сè што досега е направено го носи печатот на невладиниот сектор, но неможе да има успешно соочување со минатото, ако овој процес не го водат институциите, ако процесот нема институционален карактер, рече таа.

“Од денес па натаму, нашата работа како граѓанското општество е пополека да го предаваме процесот на воспоставување на правда целосно во рацете на институциите, а наша задача ќе биде да не дозволиме тој да запре, туку резултатот на нашите напори да биде формирањето на Регионална комисија којашто ќе ги утврди фактите за сите жртви и воени злосторства, рече Кандиќ.

На Меѓународен форум за транзиционата правда се собраа голем број претставници на жртвите и исчезнатите лица од територијата на поранешна Југославија, ветерани, владини претставници, обвинители, судии, адвокати, експерти и други.

За разлика од претходните форуми, на кои се водеше дебата за формирање на РЕКОМ, целта на овој форум беше да се видат и оценат резултатите од процесот на транзиционата правда од перспектива на жртвите, од аспект на меѓународните и домашните институции за транзиционата правда, организации за човекови права и од аспект на Коалицијата за РЕКОМ.

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.