РЕКОМ мрежа за помирување

МКД

18.03.2015.

МКД-Србија уапсила осум лица поради масакрот во Сребреница-18.03.2015.

МКД

 

Злочин со огромни пропорции

За време на војната во БиХ Сребреница беше муслиманска енклава во источна БиХ, која формално беше под заштита на ОН. Нападот врз Сребреница почна на 6 јули 1995 и заврши пет дена подоцна со влегувањето на Војската на Република Српска под команда на генералот Ратко Младиќ во градот.

 

Српската полиција уапси седум лица обвинети за учество во масакрот на над 1.000 муслимани на периферијата на Сребреница, пишуваат српските медиуми.

Станува збор за првите апсења за геноцидот што се случи во 1995 година. Во соопштението на Обвинителството за воени злосторства се истакнува дека рано утринава биле уапсени седум лица на повеќе локации низ Србија, а подоцна било уапсено уште едно лице.

Асошиејтед прес пишува дека „најважното лице“ што денес било уапсено е Недељко Милидраговиќ, командант со прекар „Неџо Касапин“, кој по војната станал успешен бизнисмен во Србија.

Меѓу жртвите имало над 1.000 цивили од муслиманска националност чии посмртни останки биле идентификувани во масовни гробници на повеќе локации во БиХ.

За време на војната во БиХ Сребреница била муслиманска енклава во источна БиХ која формално била под заштита на ОН. Нападот врз Сребреница почнал на 6 јули 1995 и завршил пет дена подоцна со влегувањето на Војската на Република Српска под команда на генералот Ратко Младиќ во градот. Младиќ беше уапсен во 2011 година и се наоѓа во Хаг.

 Денешните апсења, според светските агенции, се прв обид на Србија да ги изнесе пред правдата лицата што извршувале злосторства.

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.