Вести

Тркалезна маса во Скопје [најава]

Датум: 16-ти Декември 2015

 

Место: Хотел Порта Скопје (населба Аеродром, близу Три бисери)

 

Центарот за истражување и креирање политики има чест и задоволство да Ве покани на Тркалезната маса – Реком Иницијатива. Настанот ќе се одржи на 16.12.2015 со почеток од 18ч. во хотел Порта (Скопје).

На него ќе се дискутира околу помирувањето во контекст на општествено актуелните состојби во Република Македонија, значењето на помирувањето како гаранција за мир и соживот во Република Македонија, како и за можноста од градење заеднички граѓански идентитет.

На настанот како говорници ќе настапат:

Проф. д-р Жидас Даскаловски – национален заговарач за Иницијативата РЕКОМ

Д-р Благоја Маркоски (пензиониран полковник во АРМ)

Абедин Зимбери (поранешен пратеник во Собранието на РМ)

Проф. д-р Рубин Земон (универзитетски професор и претседател на Сојузот на Балканските Египќани).

По излагањата на говорниците, следи дебата помеѓу присутните.

 

Жидас Даскаловски – национален заговарач за Иницијативата РЕКОМ