РЕКОМ мрежа за помирување

Скопје трчаше за РЕКОМ – успешно учество на Скопскиот маратон 2014.

Спортот треба да ги обединува луѓето без разлика на нивната политичка, граѓанска, религиозна и етничка припадност.

Ова беше мотото на активистите што трчаа за РЕКОМ на Скопскиот маратон 2014, на 11 мај. Црните РЕКОМ маици оддалеку можеа да се забележат во толпата од повеќе од 6000 учесници на Скопскиот маратон 2014.

За РЕКОМ трчаа повеќе од 60 млади луѓе, еден член на парламентот на Република Македонија, како и претставници на различни спортски здруженија, кои носеа РЕКОМ маици и нараквици. Активистите за РЕКОМ беа атрактивни и за некои од фото-репортерите, кои се трудеа да ги документираат луѓето кои трчаа под ова мото.

Пред почетокот на трката, РЕКОМ активистите учествуваа во активностите за загревање, во центарот на Скопје.