Вести

Смаил Дураковиќ

Смаил Дураковиќ го минал најголемиот дел од својот живот во Власеница, град во Босна и Херцеговина, кој денес потпаѓа под ентитетот Република Српска. Упади во куќите, грабежи, малтретирања и апсења почнале да се случуваат уште на самиот почеток на војната, во април 1992 година. Смаил и неговата сопруга Бедрија биле богати, и затоа биле меѓу првите на удар во малото гратче. Дураковиќ бил повеќепати претепуван и апсен. Го мачеле и оние кои ги познавал пред војната. Во една прилика група вооружени луѓе го претепала тешко и ја силувала неговата жена во нивната семејна куќа. Припадниците на паравоената единицаБели орлиго одвеле во логоротСушица, а потоа бил заточен и во логорот Батковиќ’. За тоа време, припадниците на српските сили во домот на Дураковиќ направиле логор за жени.

Смаил Дураковиќ сведочеше на Tретиот регионален форум за транзициска правда, одржан на 11-12 февруари 2008 година, во Белград, Србија.