!Глас на Иницијативата за РЕКОМ

Korica glas bhsc 19!Глас на Иницијативата за РЕКОМ е публикација чија основна цел е да ги информира членовите/членките на Коалицијата за РЕКОМ и поддршувачите на оваа Иницијатива, како и останатиот дел од јавноста заинтересиран за процесот за РЕКОМ. Публикацијата го следи прогресот на теанзициската правда во регионот на бивша СФРЈ, и ги пренесува искуствата на другите земји во оваа област, релевантните достигнувања во академската заедница, како и сведочењата на жртвите.

Во секој број !Глас пренесува авторски текстови, анализи и интервјуа на лица кои со својот професионален ангажман се занимаваат со остварувањето на правата на жртвите, потребата од документирање, вистината, сеќавањето и помирувањето.

Билтенот излегува еднаш месечно во електронско и печатено издание, и се дистрибуира во сите земји на бивша СФРЈ. Публикацијата се издава на босански/хрватски/српски/црногорски, како и на албански, англиски, македонски и словенечки јазик.