Вести

Први регионални консултации со немнозинските заедници на просторот на поранешна СФРЈ

t_REKOM-znak-mali

Скопје 29 јануари 2011

РЕКОМ може да ги охрабри властите во сите држави да се забрзаат судските процеси за воени злосторства направени во војните од 1991 до 2001 на просторот на екс- Југосавија, ова е заклучокот на околу 50 претставници на здруженија на немнозински заедници како и претставници на Национални совети на немнозинските заедници од сите земји на поранешна Југославија кои денеска учествуваа на Регионалните коннсултации за основање на РЕКОМ во Скопје.

Според Ратко Гајица, пратеник и претставник на српската заедница во Хрватскиот парламент моделот за утврдување на фактите од воените злосторства и тешките кршења на човековите права од војните во поранешна Југославија е добар и може да допридонесе кон помирување.

„Мислам дека оваа Иницијатива мора да се случи и охрабрен сум поради тоа што таа се случи порано од тоа што очекував. Мора да се случи најмногу поради вистината и правдата меѓу државите како и мирот пред се меѓу нормалните луѓе и обичните граѓани“, изјави Ратко Гајица, пратеник и претставник на српската заедница во Хрватскиот парламент.

Според Шаип Камбери од Косово градоначалник на општина Бујановец, Србија, најлоша варјанта е да се применува селективна правда, затоа семејствата на жртвите и исчезнатите имаат доверба во РЕКОМ и се надеваат дека ќе се отркријат сите факти за жртвите.

Според Дерво Сејдиќ, претставник на Советот на ромите во БиХ, припадниците на немнозинските заедници најмногу настрадаа за време на војните.

„Мојата сопруга загина за време на војната од граната и ми остави две мали деца. Затоа сметам дека извршителите на воени злосторства мора да се казнат. Кога станува збор за жртвите, бројките се најмалку важни но важно е на семејствата на жртвите со процесуирање на судските процеси и казнување на извршителите да им олесни барем малку. Оваа Иницијатива заслужува многу поголема поддршка од меѓународната заедница.“, изјави Сејдиќ претставник на Советот на ромите во БиХ.

Учесниците дадоа и конкретни забелешки за Нацрт-Статутот на РЕКОМ којшто сè уште е во изработка а треба да се усвои на Осмиот меѓународен форум за транзициска правда кој во март годинава ќе се одржи во Сараево.

Овие консултации се од големо значење за Коалицијата за РЕКОМ и целиот консултативен процес кој трае од 2008 година. Иницијативата за формирање на Регионална комисија за утврдување на фактите за воени злосторства и други тешки кршења на човековите права од 1991 до 2001 на просторот на поранешна СФРЈ (РЕКОМ) досега е поддржана од над 1000 невладини организиации и поединци од регионот. На први јуни 2011 година статутот на комисијата заедно со милион потписи од регионот ќе биде предаден во парламентите во сите земји од поранешна СФРЈ и ќе се побара од државите заеднички да ја формираат РЕКОМ