Што е Коалицијата за РЕКОМ?

Тоа е мрежа на организации на цивилното општество од постјугословенските земји, кои се залагаат за основање на официјална Регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства и за другите кршења на човековите права извршени на територијата на бившата СФРЈ, од 1 јануари 1991 до 31 декември 2001 година.

Коалицијата е формирана на 28 октомври 2008 година во Приштина, на Косово, во рамки на Четвртиот форум за транзициска правда, со одлука на 100 невладини организации за човекови права, младински организации и здруженија на семејствата на исчезнатите, како и бивши логораши, учесници/учеснички на споменатиот форум. Oд тогаш, па сѐ до мај 2014 година, Коалицијата за РЕКОМ обедини 2.050 невладини организации за човекови права, здруженија на логораши, бегалци, семејства на исчезнатите, уметници, писатели, правници и други поединци кои ја застапуваат идејата дека државите настанати на територијата на бивша Југославија треба да формираат Регионална комисија, која ќе ги утврди фактите за тоа што се случило во недамнешното минато.

Во периодот од мај 2006 до 26 март 2011 година, Коалицијата за РЕКОМ спроведе консултативен процес за потребите и очекувањата на жртвите во однос на извршените недела (девет консултации и три форуми за транзициска правда). Подоцна, врз основа на целосна согласност за потребата од основање на меѓудржавно вонсудско тело кое ќе биде фокусирано на искуствата на жртвите, таа организираше 110 консултации и шест форуми за целите, задачите, активностите и овластувањата на тоа тело, што беше окончано на 26 март 2011 година со усвојувањето на Предлог статутот на РЕКОМ.

Со Коалицијата за РЕКОМ управува Собрание составено од членовите на Коалицијата. Техничка и стручна помош на Коалицијата ѝ дава Регионален совет, со кој раководи координаторката на проектот/процесот Наташа Кандиќ, a во чиј состав се претставниците на десет невладини организации од постјугословенските земји: Фондот за хуманитарно право (Србија), Иницијативата на младите за човекови права во Србија, Иницијативата на младите за човекови права во Хрватска, Здружението за транзициска правда, одговорност и сеќавање во БиХ (TПОС), Центарот за демократија и транзициска правда (БиХ), Фондот за хуманитарно право Косово, Центарот за граѓанско образование (Црна Гора), Центарот за истражување и креирање политики (Македонија), Civic Link (Словенија) и Центарот за истражување на религијата, политиката и општеството (Србија). Со политичко заговарање за Иницијативата за РЕКОМ, а во насока на нејзин трансфер од цивилно на политичко ниво, се занимаваат јавните заговарачи на Иницијативата за РЕКОМ и иницијаторките на Иницијативата за РЕКОМ, Наташа Кандиќ и Весна Тершелич (Документа, Хрватска). Заговарањето резултираше со одлуки на претседателите/Претседателството на БиХ со кои именуваа лични претставници за РЕКОМ. Претставниците добија задача да направат анализа на Статутот на РЕКОМ кој беше предложен од страна на Коалицијата за РЕКОМ, со цел да ги утврдат уставно-правните можности за основање на РЕКОМ од аспект на секоја одделна држава. Претставниците за РЕКОМ, со техничка поддршка на Коалицијата за РЕКОМ, почнаа со работа на 8 септември 2013 година. Последниот состанок беше одржан на 4 мај 2014 година. До крајот на мај 2014 година, тие ќе им го предадат на претседателите/Претседателството на БиХ документот под назив Измени на Статутот на РЕКОМ, кој се однесува на оние решенија изнесени во Предлог статутот од страна на Коалицијата за РЕКОМ од 26 март 2011 година. Откако ќе го разгледаат документот, што не исклучува и дополнителни измени, претседателите/Претседателството на БиХ ќе ја известат Коалицијата за РЕКОМ за уставно-правните и политичките можности за основање на РЕКОМ.

Собранието на членовите на Колаицијата за РЕКОМ го разгледува мислењето/документот на претседателите/Претседателството на БиХ и донесува одлука за тоа дали ќе го поддржи или ќе го отфрли. Собранието ќе се одржи најдоцна до крајот на септември 2014 година.

 

Статут на Коалицијата за РЕКОМ

Статутот на Коалицијата за РЕКОМ е усвоен на Собранието на коалиционите членки одржано во Загреб на 15 октомври 2010 година, пред почетокот на Седмиот регионален форум за транзициска правда. Изменет и дополнет е на Собранието на Коалицијата за РЕКОМ одржано во Сараево,на 26 јуни 2011 година.

 

Партнерски организации во проектот РЕКОМ:

Fond za humanitarno pravo, Srbija

Fond za humanitarno pravo Kosovo

Inicijativa mladih za ljudska prava u Srbiji

Inicijativa mladih za ljudska prava u Hrvatskoj

Tranzicijska pravda, odgovornost i sjećanje u Bosni i Hercegovini

Centra za istraživanje i kreiranje politika, Makedonija

Centra za demokratiju i tranzicionu pravdu, Bosna i Hercegovina

Centar za građansko obrazovanje, Crna Gora

Centar za istraživanje religije, politike i društva, Srbija

 

Членовите на Регионалниот совет на Коалицијата за РЕКОМ

Листа на членови