Вести

Одржани последните консултации за нацрт Статутот на РЕКОМ

t_REKOM-znak-mali

  Сараево, 29.01.2011

Последните национални консултации со претставниците на невладините организации за нацрт-Статутот на Регионалната комисија за утврдување на фактите за воени злосторства и другите тешки кршења на човекови права во поранешна Југославија, се одржаа во знак на поддршката за РЕКОМ. Пред речиси 30 невладини организации беше претставен нацрт-Статутот, задачите, целите и надлежностите на идната комисија, како и изборот на членовите и членките. Учесниците имаа прилика да дадат свое мислење за сите членови во нацрт Статутот пред неговото усвојување во март за време на Осмиот регионален форум за транзициска правда кој ќе се одржи во Сараево.

Расправата беше доста конструктивна и интересна. Горан Бубало, директор на проектот Catholic Relief Services (CRS)и член на Мрежата за мир,рече дека е задоволен од дискусијата за нацрт- Статутот ѝ даде целосна поддршка на Иницијативата за РЕКОМ.

„Иницијативата за РЕКОМ моментално е најважниот процес којшто може да допринесе за соочување со минатото и создавање на траен мир во регионот. Голем дел од Мрежата за мир исто така е вклучена во Иницијативата за РЕКОМ“, рече Бубало.

Радмило Гилијан, претседател на Лигата за заштита на приватна сопственост и човекови права од Требињ, рече дека Статутот е квалитетно подготвен, но оти допрва постои период за лобирање и негово прифаќање од политичарите.

„Невладините организации дадоа свое мислење за статутот, а дискусијата беше во духот за успех на Иницијативата за РЕКОМ. Предавачите јасно им ги доближија најважните членови од статутот на учесниците. Лобирањето за статутот, допрва следува“, рече Голијан.

Амир Кулагиќ, член на Координацискиот совет на Коалицијата за РЕКОМ,рече дека е потребен притисок врзполитичарите за формирање на РЕКОМ.

    „Денеска на овие консултации беа некои претставници на здруженија кои долго ја оспоруваа целата иницијатива и сега покажаа позитивен став, што навистина е важно. Доколку се работеше за граѓанското општество тогаш Комисијата брзо ќе се формираше. Меѓутоа комисијата ја основаат парламентите затоа мора да се изврши притисок на организиран начин врз политичарите со цел да го прифатат Статутот и да ја формираат РЕКОМ“, рече Кулагиќ.

Консултациите за нацрт Статутот на РЕКОМ започнаа од мај минатата година. Статутот на РЕКОМ заедно со милион потписи од целиот регион ќе биде предаден на 1 –ви јуни 2011 година во сите парламенти во пост-Југословенските држави со барање да се основа Регионалната комисија.