Вести

Национални консултации со жени- жртви на војната Раховец, Косово, 4 декември 2010

Иницијативата за РЕКОМ (за формирање на регионална комисија за утврдување на фактите во врска со воените злосторства и другите тешки кршења на човекови права извршени во војните од 1991 до 2001 година на територијата на поранешна Југославија)ги одржа првите национални консултации со жени, жртви на војната на 4 декември во Раховец, Косово.

Консултациите на кои што учествуваа 32 жени ги оргазираше Центарот за Истражување, Документација и Публикување (ЦХДП) од Косово. На собирот учествуваа припаднички на албанската, српската и ромската заедница од Раховец, Велика Хоча и Велика Круша.

Според Фахрије Хоти од Велика Круша, која што во оваа прилика изрази незадоволство поради немањето на доволен интерес од локалната власт во Раховец за попишување на исчезнатите лица и жртвите од 1991 година.

„Вкупниот број на жртвите од оваа општина е околу 900 загинати и исчезнати, додека само во Велика Круша има околу 226 загинати и 68 се уште исчезнати лица.“

За Мерадије Рамадани од Велика Круша важна е комуникацијата и соработката меѓу сите етнички заедници, со цел разменување на информации за исчезнатите и понатамошно идентификување на извршителите на овие воени дела, само тогаш според Рамадани семејствата на жртвите ќе се ослободат од загриженоста. Таа смета дека само „формирањето на една независна комисија може да донесе правда кај сите страни.“

Според Станка Тодиќ од Велика Хоча „со формирањето на регионална комисија може да се расветли случајот на нејзиниот сопруг кој се води како исчезнат од 1999 година“.

Таа се надева на правда како и дека еден ден ќе се најде телото на нејзиниот сопруг, сака да дознае кој е извршител на делото и зошто тој тоа го сторил?

Жените учеснички ја истакнаа потребата за изнесување на своите искуства и преживеаното за време на 1998 и 1999 гидина. Побараа откривање на воените злосторства.

На прашањето поставено од панелистите во врска со можната реакција на жените во случај на откривање на злосторниците, учесничките реагираа различно. Светлана Великиќ побара злосторникот кој го киднапирал нејзиниот брат во 1999 да биде затворен и да се казни. Мангуш Бугари сподели позитивни факти за неколку полицајци и југословенски војници кои спасиле неколку албанци за време на војната во Раховец.

По консултациите 27 жени, жртви на војната ја потпишаа пристапницата на Коалицијата за РЕКОМ, и изразија подготвеност и желба да учествуваат и на други собири, со единсвена цел да се бара вистината за жртвите од воените злосторства.