Вести

Студенти-Загреб, Хрватска-17.12.2010.

Младинска иницијатива за човекови права во Хрватска, Загреб, Legalis, во петок, 17.12.2010во име на Коалицијата за основање на Регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства и другите тешки кршења на човековите права на подрачјето на поранешна СФРЈ – Коалиција за РЕКОМ, организира регионална консултација за Нацрт Статутот на РЕКОМ со студенти и млади научници од областите на правото, политикологијата, социологијата и историјата.

На консултациите се собраа повеќе од 50 млади луѓе од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Словенија и Србија. Собирот е одржан во фоајето на Ректоратот при Универзитетот во Загреб.

Воведните излагања на собирот ги одржаа: Маријана Тома (Работна група за изработка на Нацрт Статутот на РЕКОМ); Весна Тершелиќ (раководител на Докуманта – Центар за соочување со минатото); и Марко Мажиќ и Иван Новосел (Младинска иницијатива за човекови права во Хрватска).

НАЦРТ СТАТУТ – коментари

transkript