Вести

Иницијатива за РЕКОМ: Актуелности, mарт 2011

Во текот на тригодишниот консултативен процес, Коалицијата за РЕКОМ на собранието одржано на 26 Март во Белград, го усвои Предлог статутот на РЕКОМ. Собранието е организирано на делегатски принцип. Учествуваа 122 делегати од БиХ, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија. Предлог статутот е усвоен со убедливо мнозинство. Опасноста од блокада на процесот е отстранета со усвојувањето на амандманот на претставниците од Здружение БХ Новинари и Здружение на логораши Предор 92. за поимот „тешки повреди на меѓународното хуманитарно право“ да се наведат конкретните кривични дела (геноцид, убиство, прогон и др.) во врска со кои РЕКОМ ги утврдува фактите. Со тоа е направен компромис помеѓу барањето на заговорниците дека РЕКОМ треба да го утврдува извршувањето геноцид и други тешки кривични дела и експлицитниот став на сите правници (обвинители, судии, адвокати и правници за човекови права), кои што учествуваа во консултативниот процес, дека во надлежност на РЕКОМ не треба да биде правното квалификување на кривичните дела.

 

Иницијатива за РЕКОМ-Актуелности-Март 2011