Вести

Театар »Семејство бистри потоци« и Иницијативата за РЕКОМ

t_REKOM-znak-mali

Театар »Семејство бистри потоци«,Србија

Аналогии

Режисер: Божидар Мандиќ

Играат: Драгана Јовановиќ, Урош Вукша, Предраг Митровиќ, Нина Плавшиќ и Божидар Мандиќ

 

По гостувањето во Словенија, неоавангардната претстава „Аналогии“ на театарот „Семејство бистри потоци“ на 31 март и 1 април се претстави и пред публиката во Скопје, Македонија. Преку оваа необична претстава, Иницијативата за РЕКОМ се обиде да и се доближи на публиката и преку уметноста.

Претставата привлече главно млада публика, но беше интересна и за повозрасните посетители. Покрај долгите аплаузи, уметниците добија поддршка од публиката и по завршувањето на претставите. Посетителите разговараа со театарската трупа пред се за вредностите кои ги промовира „Семејство бистри потоци“, една од последните треатарски комуни на просторот на поранешна Југославија, како и за вредностите за кои се залага РЕКОМ.

Режисерот на претставата, Божидар Мандиќ, истакна дека борбата за подобра иднина и желбата за да не се создаваат повеќе жртви се заедничките вредности на комуната од Рудник, Србија и Иницијативата за формирање на регионална меѓудржавна комисија за утврдување на фактите за сите жртви и други тешки кршења на човекови права за време на војните од поранешна СФРЈ (РЕКОМ), иницијатива која пред се е неполитичка и граѓанска.

Според Лазар Стојановиќ ваквиот начин на промоција на Иницијативата за РЕКОМ е многу важен.

„Сакајќи да и се доближиме пред се на локалната публика се одлучивме да зборуваме за Иницијативата и преку уметноста. На тој начин добиваме директни поддржувачи кои се запознаваат со она што го работиме непосредно, а не само преку медиумите“, изјави Стојановиќ.

Аналогии е современа претстава за надминување на осаменоста преку освестување на чувството за »оној другиот«.Во светот на општата отуѓеност, човекот пред сè, се отуѓува од самиот себе си. За да се запознаеме себе си, потребен ни е некој друг. Аналогии трага по она што е »исто«во сите луѓе.Аналогија се воспоставува тогаш кога се препознаваме себе си во »она спроти нас«.Претставата се темели на принципот дека концептот и глумата произлегуваат од внатрешниот процес на самиот изведувач.

Врската меѓу  претставата Аналогиии Иницијативата за РЕКОМ е пред се идеолошка.Во основа претставата е желба да се препознаеме во »оној другиот«,односно во секој човек да препознаеме човек и човечност, што воедно е и основен принцип на Иницијативата за РЕКОМ:на жртвите да им се врати личноста, да се индивидуализираат, и да не бидат само празни бројки во историските интерпретации и луѓето, посебно од спротивставените групи, да доживеат сочувство кога во»другиот«ќе се видат себе си.

Галерија