РЕКОМ мрежа за помирување

1ec0b-dino-mustafic-mess-sgb2

22.02.2013.

Поглед на уметникот на минатото: филм на Дино Мустафиќ

Во документарецот „Поглед на уметникот на минатото“Дино Мустафиќ истражува како треба уметникот да се постави себе си во однос на скорешното минато. Одговарајќи на прашањето, познати уметници од територијата на поранешна Југославија ги споделуваат своите лични сеќавања, спомени и надежи за иднината. Во филмот говорат словенечкиот музичар и фронтмен на “Лачни Франц” Зоран Предин и актерот Јернеј Шугман; хрватските актерки Мира Фурлан, Алма Прица и Нина Виолиќ; босанскиот режисер Ненад Диздаревиќ; белградскиот актер Бранко Цвејиќ, актерката Анита Манчиќ и поетесата Радмила Лазиќ; црногорскиот актер и професор на ФДУ од Цетиње Бранимир Поповиќ, како и режисерот и педагог Бранко Балетиќ; еден од водечките косовски интелектуалци Шкељзен Малиќи, косовскиот драмски писател Јетон Незирај и актерот Енвер Петровци; првенецот на Македонскиот народен театар Никола Ристановски и писателот и актер Мето Јовановски.

Филмот го продуцираше Коалицијата за РЕКОМ. Прикажан е на филмскиот фестивал ZagrebDox во 2013 година.