Вести

Impunity Watch ги повикува парламентите во регионот да се произнесат во врска со Статутот на РЕКОМ

t_REKOM-znak-mali

 

Следејќи го скорешното усвојување на Предлог статутот на РЕКОМ, „Impunity Watch“ги повикува сите парламенти во поранешните југословенски земји да преземат потребни чекори за создавање на предложената регионална комисија  за вистина.

Предлог Статутот беше усвоен од мнозинството на делегати коишто присуствуваа на Четвртото собрание на Коалицијата за РЕКОМ (КОРЕКОМ), одржано во Белград на 26 март. Овој настан вклучуваше серија на јавни расправи за Предлог Статутот на РЕКОМ, за којшто илјадници организации и поединци од регионот ја потврдија заедничката цел а тоа е да се објават фактите на сеопфатен начин за сите жртви.

Предложеното тело бара поддршка од сите земји во регионот: како што КОРЕКОМ истакна, ова тело мора да се формира во сите погодени земји, а наодите би придонеле да се намали штетата на жртвите и настраданите во војните.

„Impunity Watch“ силно ја поддржува оваа Иницијатива, и потсетува дека настраданите жртви имаат право на вистина и притоа дека работењето на болното наследство од минатите конфликти е основен предуслов за напредок кон Европска интеграција, цел кон која сите земји во регионот се стремат. Затоа ги повикуваме парламентите во регионот разгледувањето на Предлог статутот да го постават за приоритет, и да дадат поддршка на оваа единствена можност да се преземе одлучувачка акција против неказнивоста и кршењата на човековите права во текот на 90-те години од минатиот век.

„Impunity Watch“ повикува на одговорност за минатите злосторства во земјите во регионот кадешто се случија насилства и конфликти. Работиме заедно со организации од цивилното друштво во врска со истражувачки и советодавни политики, мониторинг на неказнивоста и застапување за добри политички одлуки.